Утрински Весник
Спорт

Ферстапен објави кога ќе се пензионира

Ферстапен објави кога ќе се пензионира

Макс Ферстапен, двократниот светски шампион во Формула 1, истакна дека сигурно нема да биде во најбрзиот циркус кога ќе има 35 години.

dobivaj vesti na viber

Возачот на Ред Бул истакна дека сигурно ќе го одработи договорот до крајот на 2028 година кога ќе има 31 година и дека тогаш ќе одлучи што и како понатаму.

„Не ме интересираат титули и рекорди. Суштината на сè е квалитетот на животот што го водам. Дефинитивно ќе се тркам до 2028 година, а потоа ќе видам дали навистина сакам да продолжам да возам. Искрено, дали се гледам себеси на 35 години во Формула 1? Дефинитивно не. Има многу поинтересни работи надвор од Формула 1. И не сакам постојано да бидам на пат“, изјави Верстапен.

Холанѓанецот вели дека често го обзема носталгија.

„Ми се допаѓа да сум дома. Патувањата и долгите отсуства често се многу болни. Не сакам да правам нешто ако не уживам во тоа“, изјави 25-годишниот Ферстапен.

Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон неодамна изјави дека иако има 37 години, сè уште не размислува за крајот на кариерата и дека сигурно ќе вози во следните неколку години.

Можете да прочитате

Рутинска победа на Реал кај Леганес

Дебакл на Хрватска во БиХ, Хрватите ќе останат без место на ЕП

Повредата на Димитријевиќ не е сериозна: Беше само силен грч , се ќе биде во ред набрзо