Утрински Весник
Спорт

Ферстапен најбрз на спринтот во Австрија

Ферстапен најбрз на спринтот во Австрија

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, триумфираше на втората спринтерска трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1, која се возеше како дел од Големата награда на Австрија.

dobivaj vesti na viber

Холанѓанецот втора година по ред беше најдобар во спринтот на „Ред Бул Ринг“, а воедно ја забележа и четвртата победа во тој формат. Тимскиот колега Серхио Перез беше најблиску до актуелниот шампион на променливите услови, од дожд до сонце на патеката, додека Карлос Саинц Јуниор во Ферари заврши на третото скалило на подиумот.

Во генералниот пласман сега води Макс со 208 бодови, а по него е Перес со 133.

Можете да прочитате

Медведев со неверојатен успех – 24info.mk

Евролига го откажа турнирот во Абу Даби

Дербито Струга – Вардар без победник