Утрински Весник
Спорт

Ферстапен најбрз на првиот ден на тестирањето во Бахреин

Ферстапен најбрз на првиот ден на тестирањето во Бахреин

Актуелниот светски шампион, Макс Ферстапен постави најдобро време на пвиот ден од единствената зимска тренинг-сесија во Формула 1 оваа сезона. Тридневниот тест на патеката Сакир во Бахреин е единствена шанса тимовите да ги тестираат своите болиди пред првата трка од новата сезона на истата патека следниот викенд.

dobivaj vesti na viber

Првиот ден донесе 19 возачи во акција во 10 болиди, откако Ред бул се решија да не ја делат програмата меѓу двајцата возачи – утре Ферстапен ќе го дели болидот со Серхио Перез, пред во сабота тој да добие цел ден на патеката. Ферстапен без проблем комплетираше 157 кругови и постави време од 1:32.837 (околу 2.3 секуни посопоро од минатогодишната пол-позиција во Бахреин). Ов беше прва шанса да се види новиот РБ19 болид на Ред бул, откако на промоцијата во Њујорк покажаа поинаков модел.

„Болидот е еволуција од лани, и мислам дека подобро ги сфативме карактеристиките на болидот. Полесно е вака да се почне и беше убаво да се проба нов болид. Ова беше добар ден“, изјави Ферстапен.

Ферстапен ја заврши сесијата со 0.029 секунди подобро време од новиот возач на Астон Мартин, Фернандо Алонсо, додека трет бше Карлос Саинс Јуниор во Ферари со 0.415 секунди. Сите возачи оваа сесија возеа со „Ц3“ гуми. Шарл Леклер во второто Ферари беше четврти пред Луис Хамилтон во новиот Мерцедес W14.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина