Утрински Весник
Спорт

Ферстапен им даде „шест места предност“ на ривалите и повторно беше најбрз на Спа

Ферстапен им даде „шест места предност“ на ривалите и повторно беше најбрз на Спа

Актуелниот светски шампион во Формула 1, Макс Верстапен на Ред Бул е победник на трката за Големата награда на Белгија на патеката Спа Франкошамп.

dobivaj vesti na viber

Така Холанѓанецот роден во Белгија ја оствари осмата последовна, а вкупно 11. победа на досегашните 12 трки во светскиот шампионат и ја потврди апсолутната доминација.

На конкурентите на Верстапен не им помогна тоа што возачот на Ред Бул стартуваше од шестата позиција. На Макс му беа потребни 17 кругови за да го преземе водството и тој лесно го држеше до крајот на трката.

Зад Верстапен трката ја заврши неговиот мексикански клупски колега Серхио Перез, додека најниското скалило на подиумот го зазеде Шарл Леклер во Ферари.

Места во топ 10 заземаа и Луис Хамилтон, Фернандо Алонсо, Џорџ Расел, Ландо Норис, Естебан Окон, Ленс Строл и Јуки Цунода.

Можете да прочитате

Скопје домаќин на олимписки G1 таеквондо спектакл

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026

Драма до крај: Босна ја шокира Италија, Чешка ја елиминира Данска