Утрински Весник
Спорт

Ферстапен го преживеа и дождот за втора победа во Монако

Ферстапен го преживеа и дождот за втора победа во Монако

Двократниот светски шампион, Макс Ферстапен вторпат во својата кариера по 2019, стигна до победа на легендарната Монако ГП трка, откако најголем предизвик му беше дождот во последните десетина кругови, за победа пред Фернандо Алонсо во Астон Мартин и Естебан Окон во Алпин.

dobivaj vesti na viber

Ова беше и стартното трио на трката низ тесните улици во Монте Карло, каде што претекнувањето е речиси невозможно. Двојката на Мерцедес, Луис Хамилтон и Џорџ Расел во обновениот Мерцедес беа на четвртото, односно петтото место, додека на својата домашна трка, Шарл Леклер во Ферари беше шести. Во поени уште завршија и Пјер Гасли во Алпин, Карлос Саинс Јуниор во Ферари и двојката на Мекларен, Лендо Норис и Оскар Пјастри.

Ферстапен го задржа првото место на стартот, откако Алонсо не успеа да го помине, а потоа одржуваше релативно безбедна предност пред Шпанецот, за кого единствена шанса беше да се чека влегувањето во боксот. Но, на крајот најголем предизвик беше дождот кој почна да врне во последните десетина кругови, а Ферстапен остана на „средни“ гуми. Тоа беше краткотрајна грижа за шампионот, кој потоа направи предност од над 25 секунди пред Алонсо иако дури трипати имаше блиска средба со бариерите на патеката.

Бидејќи неговиот колега и најблизок ривал во генерален пласман, Серхио Перез заврши само на 17. место по катастрофата на вчерашните квалификации, Ферстапен сега има 37 поени предност. Ф1 циркусот бргу се враќа со Шпанското ГП следниот викенд.

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига