Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Ферхан Хасани го раскина договорот со Шкендија

Ферхан Хасани го раскина договорот со Шкендија
Img 7972

Поранешниот македонски репрезентативец Ферхан Хасани донесе одлука да го раскине договорот со Шкендија и заминува од тетовскиот прволигаш. Тој побарал да биде прекинат неговиот договор кој имаше важност до јуни 2024 за да им отстапи место на помладите во Шкендија.

dobivaj vesti na viber

По заминувањето на тренерот Ќатип Османи, сега од Шкендија заминува и најдобриот фудбалер. Ова наликува на преземање одговорност по неисполнетите цели за оваа сезона. Шкендија остана без титула и во првенството и во Купот.

„Ферхан Хасани е еден од фудбалерите со голем придонес во историјата на Шкендија. Неговото име се поврзува со повеќето успеси на клубот и тој секогаш ќе остане икона на нашиот тим. Негова оценка е дека ова е моментот за повлекување од клубот и ние го испочитувавме неговото барање“, изјави спортскиот директор на Шкендија, Харун Иса.

Хасани вели дека ќе одигра уште една сезона во првенство каде темпото ќе биде послабо, а потоа планира да ја заврши кариерата.

„Мислам дека е време да им се даде повеќе простор на новите генерации. Чувствувам дека немам што повеќе да понудам на терен и ценам дека моето место може да го искористи некој друг. Шкендија е дел од мојот живот и на клубот му посакувам сѐ најдобро. Би играл уште една сезона во некоја пониска европска лига каде што обемот на работа може да се прилагоди на моите физички можности, пред конечно да ја завршам кариерата како фудбалер“, изјави Ферхан Хасани.

Хасани е еден од фудбалерите со најмногу освоени трофеи во историјата на Шкендија. Во „црвено-црниот“ дрес на клубот од Тетово играше во три различни фази (2009-2012, 2015-2018 и 2021-2023), додека два пати ја освои шампионската титула (2011 и 2018), освои трофеи и во Купот (2016 и 2018), има и еден Суперкуп (2011).

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН