Утрински Весник
Спорт

Феникс и Кливленд изедначија на 1:1, Бостон има 2:0

Феникс и Кливленд изедначија на 1:1, Бостон има 2:0

Во НБА лигата изминатата ноќ се одиграа три натпревари, два од првото коло од плеј-офот во Источната конференција и еден на Западот.

dobivaj vesti na viber

Бостон Селтикс поведе со 2:0 против Атланта Хокс по победата од 119:106, додека сериите помеѓу Кливленд Кавалирс и Њујорк Никс, односно Феникс Санс и Лос Анџелес Клиперс се изедначени (1:1).

Бостон стигна до втората победа откако надомести -11 кои Аталната ги стекна во раната фаза од натпреварот. Џејсон Тејтум беше прво име во победничката екипа со 29 поени, 10 скока и шест асистенции, три поени помалку со седум скока забележа Дерик Вајт. Дежонте Мареј постигна 29, а Тре Јанг 24 за поразените Хокс.

Во истата конференција Кливленд ги порази Њујорк Никс со 107:90. Њујорк подобро влегоа во натпреварот, ја доби првата четвртина, но во втората Кливленд се разбуди ја истпои разликата, а пота изгради предност која во еден момент изнесуваше 29 разлика.

Кај Кавси одличен беше Дариус Гарланд со 32 поени и седум асистенции, Крис Леверт уфрли 26 поени, а Донован Мичел 17 со 13 асистенции. Кај Никс само Џулиус Рендл (22) и Џејлен Брунсон (20) постигнаа по 20 или повеќе поени, но и двајцата со имаа лош процент на реализиција. Рендл шутираше 8/20, а Брансон само 5/17 од поле.

Откако го претрпеа првиот пораз минатиот натпревар по осумте последователни победи со Кевин Дурент на паркетот, Феникс Санс во вториот меч славеа против ЛА Клиперс. Феникс славеа со 123:109. Девин Букер ги предводеше Феникс со 38 поени и девет асистенции, Дурент постигна 25.

Кај Клиперси најдобар беше Кави Ленард со 31 поен, осум скока и седум асистенции, Расел Вестбрук мечот го заврши со 28 поени.

Можете да прочитате

Убедлив триумф на македонските кошаркари против Азербејџан

Партизан ја одби оставката на Обрадовиќ

Македонец нов европски шампион во мотоциклизам