Утрински Весник
Свет

ФБИ ја обвинува администрацијата на Бајден дека „седела“ на докази за бомбите пред Капитол

Bajden.jpeg

Директорот на ФБИ, Кеш Пател, ја обвини поранешната администрација на Џо Бајден дека со години задржувала докази во истрагата за цевните бомби поставени пред Капитол.

Тој изјави за „Фокс њуз“ дека случајот речиси пет години стагнирал без нови докази, оценувајќи дека станува збор за некомпетентност или намерна небрежност, пренесува „Њујорк пост“.

Во меѓувреме, уапсен е Брајан Кол од Вирџинија, обвинет дека на 5 јануари 2021 година поставил експлозивни направи пред седиштата на двете партии. Истражителите го поврзале преку банкарски трансакции и податоци од мобилен телефон. Пател додаде дека при внатрешната ревизија биле прегледани три милиони докази, а заменик-директорот Ден Бонгино изјави дека ФБИ верува дека го има вистинскиот осомничен.

Можете да прочитате

Бундестагот го одобри пензискиот пакет

Во поплавите и свлечиштата во Шри Ланка загинаа 607 луѓе

ЕУ ќе ги поддржи албанските општини со фонд од 11 милиони евра