Утрински Весник
Магазин

Фаворитот за нов Џемс Бонд сè поблиску да ја добие улогата

Фаворитот за нов Џемс Бонд сè поблиску да ја добие улогата

Aрон Тејлор-Џонсон, наводно, веќе ja снимил култната најавна секвенца за продуцентите на филмската сага 007 среде шпекулации дека тој ќе биде следниот Џејмс Бонд.

dobivaj vesti na viber

Според „Сан“, 32-годишниот актер го снимал потегот со пиштол што го гледаме на почетокот на филмовите од серијалот 007 со години.

Британскиот весник дознава секвенцата се снимала изминатиов викенд, а „Јон продакшнс“ треба да ја открие новата ѕвезда на шпионската сага во март 2023 година, откако Даниел Крег (54) се повлече од улогата.

Истиот извор објави дека Арон го завршил „строго тајниот тест“ за улогата во студиото „Пајнвуд“, истиот тест што го помина и неговиот претходник Крег.

„Арон толку многу ги импресионира шефовите што сними една од познатите сцени со пиштол, нешто што го прават сите Бонд актери. Тој потег го носи чекор поблиску до потпишување договор,“ филмски инсајдер открива за весникот „Сан“.

Арон, кој глуми во „Тенет“ (Tenet) и во „Брз воз“ (Bullet Train), сега има коефициент 4/5 во познатата обложувалница „Вилијам Хил“ да биде именуван за следен 007.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста