Екипите кои оваа сезона атакуваат за највисок пласман, ја потврдија фаворитската улога и во вториот круг од натпреварите во најквалитетната женска конкуренција. Бранителот на трофејот, екипата на Бадел 1862 полесно од очекувањата славеше победа на гостински терен кај Крива Паланка (78:42), за втор успех во новиот шампионат.
Ист ефект има и ланскиот финалист и победник на Купот, екипата на Баскет кам 2011 која без проблеми го победи Пробаскет од Кавадарци со (83:34). Можеби најважната победа во ова коло е за екипата на Вардар која славеше кај мотивираниот состав на МЗТ Скопје Аеродром со (79:71), па овие три екипи се со максимален ефект по два одиграни натпревари.
Прва победа во новата сезона реализираа и кошаркарките на Струга 2009 против новакот во прволигашкото друштво, екипата на Гризли (71:57).
Резултати Прва А лига: Крива Паланка – Бадел 1862 42:78, Баскет Кам 2011 – Пробаскет 83:34, МЗТ Скопје Аеродром – Вардар 71:79, Струга 2009 – Гризли 71:57.
Табела: Баскет Кам 2011 4, Бадел 1862 4, Вардар 4, МЗТ Скопје Аеродром 3, Струга 2009 3, Гризли 2, Крива Паланка 2, Пробаскет 2.