Утрински Весник
Македонија

Фатон Сељами е предлогот за нов Народен правобранител

Naroden 960x528 1.jpg
Dik 300x250 mk

Собаниската комисија за прашања за изборите и именувањата, на денешната седница го утврди Фатон Сељами за кандидат за нов Народен правобранител.

Сељами е роден во Тетово во 1984 година, димпломирал на Државниот универзитет во Тетово во 2007 година, а магистрирал на Универзитетот на ЈИЕ во 2013 година.


Има положено правосеуден и нотарски испит, а целата досегашна кариера ја има поминато во државните органи и управи, а во периодот од 2018 до 2020 бил и државен секретар во Министерството за правда.

За позицијата Народен правобранител беа пријавени 17 кандидати, а меѓу нив немаше ниту една жена.

Сељами на функцијата Народен правобранител треба да го замени Насер Зибери, а за негов избор потребни се мнозинство гласови од вкупниот број пратеници при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број на пратеници кои припаѓаат на заедниците што не се мнозинство во Република Македонија.

Мандатот на Народниот правобраниел е осум години.

Можете да прочитате

Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството

Плетвар црна сообраќајна точка – Доктор Лазаров сведок на страшната несреќа: 15 години лекар, вакво нешто немам видено

Издавачката куќа Бегемот објави нов роман од реномираниот новинар Ѕвездан Георгиевски!