Утрински Весник
Македонија

Фатен крадец додека се обидувал да ограби патник во автобус

Фатен крадец додека се обидувал да ограби патник во автобус

Приведен е скопјанец кој се обидел да украде паричник од лице кое влегувало во автобус кај Зелен пазар.

dobivaj vesti na viber

„Денеска (30.08.2022) од страна на полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар околу 12.45 часот на бул.“11-ти Октомври“, на автобуската постојка на Зелен пазар, бил лишен од слобода С.И.(55) од Скопје при обид да одземе паричник од лице кое влегувало во автобус“, соопшти МВР.

Тој бил задржан во полициската станица Центар, известен е Јавен обвинител и по целосното документирање на случајот ќе следи соодветна кривична пријава.

Можете да прочитате

Мицкоски: Дневната заштеда на граѓаните со владината мерка за горивата е повеќе од 200 000 евра, состојбата се следи, има и други мерки

Левица: Водостопанство објавува јавен повик во неработни денови – дали зделакта е однапред договорена

Два нови пилоти за гаснење пожари се приклучуваат на ДЗС