Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Фантастичниот говор на Меси пред финалето на Копа Америка откриен во новиот документарец

Фантастичниот говор на Меси пред финалето на Копа Америка откриен во новиот документарец
Img 7972

Новиот документарен филм на „Нетфликс“ со име Sean Eternos: Campeones de America (Бидете вечни: Шампиони на Америка), го следи патот на Аргентина до титулата на Копа Америка, и најмногу внимание предизвика трејлерот во кој се објавува емотивниот говор на капитенот Лионел Меси во соблекувалната пред големото финале.

dobivaj vesti na viber

Меси и Аргентина ја совладаа Бразил со 1:0 на „Маракана“ во Рио де Жанеиро за Меси да ја освои својата прва репрезентативна титула по голем број на разочарувања со „албиселесте“.

„Четириесет и пет дена без да ги видиме нашите семејства момци. Имавме цел и сега сме на еден мал чекор од остварување. Не постои случајност, момци. Знаете што? Овој трофеј е направен да дојде во Аргентина и Господ го донесе тука, за да го кренеме на ‘Маракана’, за да биде попрекрасно за сите. Затоа да излеземе со самоувереност и со смиреност и да го однесеме дома“, вели Меси.

Копа Америка требаше да се игра во Аргентина и Колумбија во 2020, но натпреварувањето беше одложено и „преселено“ во Бразил по пандемијата на Ковид-19 и граѓанските немири во Колумбија. Меси загуби три финалиња о Копа мерика во низа од 2014 до 2016 година, а херој на Аргентина беше Анхел ди Марија, кој го постигна единствениот гол за прв трофеј на Аргентинците по пауза од 28 години.

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица