Утрински Весник
Спорт

Факундо Кампацо ја засили Црвена звезда

Факундо Кампацо ја засили Црвена звезда

Кошаркарскиот клуб Црвена звезда го потврди трансферот на аргентинскиот плејмејкер Факундо Кампацо.

dobivaj vesti na viber

Кампацо потпиша договор до крајот на сезоната, вреден 1.800.000 евра, а доколку остане и следната сезона во Белград, тогаш Аргентинецот ќе добие уште 2.500.000 евра.

Како што објавија српските медиуми, во договорот постои можност тој да го напушти клубот по завршувањето на сезоната доколку добие понуда од НБА-лигата. Доколку ја искористи оваа опција, тогаш тој ќе треба да го обесштети клубот со симболични 50.000 евра.

Кампацо оваа сезона одигра само осум натпревари во НБА-лигата во дресот на Далас Маверикс и имаше просек од 1,3 поен и 1,1 асистенција за 6,5 минути на натпревар.

Минатата сезона во Денвер имаше просек од 5,1 поени и 3,4 асистенции на 65 натпревари.

Кога го напушти Реал во 2020 година по шест години, во Евролигата имаше просек од 13,5 поени со 6,7 асистенции и 2,5 скока и 2 украдени топки.

Двапати ја освои Евролигата, трипати беше шампион на Шпанија, а со Реал освои два купа и четири суперкупа.

 

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ