Утрински Весник
Македонија

Фадил Цана: Нема простор за паника околу мајмунските сипаници

L8qmhbsrdzos2l1kywur.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Директорот на Инфективната клиника во Скопје, доктор Фадил Цана во изјава за МИА вели дека во државава нема простор за паника околу мајмунските сипаници и нагласи дека е запознат е со случајот во Косово. Тој потсетува дека кај нас досега нема регистрирано случај на мајмунски сипаници, а доколку се појави, вели дека се подготвени и дека имаме стручњаци добро запознати со болеста.

-Кај нас нема. Запознат сум со случајот, имав долг разговор со директорот на Инфективната клиника во Приштина. Пациентот е стабилен, сѐ е под контрола во моментов, нагласува Цана за МИА.


Тој појаснува дека станува збор за изолиран случај на граѓанин на Косово, кој работел подолго време во странство.

-Не е автохтон, туку е импортиран случај. Граѓаните кај нас може да бидат мирни. Нема простор за паника, додава директорот на Инфективната клиника.

Според Цана надлежните имаат капацитети да се справат доколку и кај нас дојде оваа болест.

-Апсолутно сме подготвени во случај и кај нас да се појави лице со мајмунски сипаници. Може да се справиме со такви случаи. Имаме експерти, тоа е поле на Инфективна клиника, така што, болеста како болест ни е позната и сѐ што може да се преземе околу тоа, вели директорот на Инфективната клиника.

Преносот на мајмунски сипаници од човек на човек може да се случи преку контакт со заразен материјал од повреда или течности од кожата, устата или половите органи, вклучително и преку допирање, близок контакт и полова дејност. Може да се распространува и преку воздушен-капен пат при зборување, кашлање или кивање. (МИА)

Можете да прочитате

Обемна полициска акција против економски криминал, кривични пријави за 33 лица, 11 од нив уапсени

Левица: Прикриената смрт на новороденчето на ГАК аларм за колапс на здравството

Тошковски: Интервентната полиција – шест години посветена служба во заштита на граѓаните