Утрински Весник
Свет

„Фајненшл тајмс“: Американски инвеститори заинтересирани за ставање во употреба на гасоводот „Северен тек 2“

677z381 Severni Tok.jpg

Американските инвеститори се заинтересирани за гасоводот „Северен тек 2“ меѓу Германија и Русија. Гасоводот „Северен тек 2“ никогаш не беше пуштен во употреба поради почетокот на војната во Украина, но сега има иницијативи тоа да се промени, пишува „Фајненшл тајмс“.

Поранешниот генерален директор на „Северен тек 2“, Матијас Варниг, и неколку американски инвеститори сакаат да го стават во употреба гасоводот, а самиот Варниг се обидува да се доближи до тимот на американскиот претседател Доналд Трамп. Иницијативата е дел од билатералните разговори за можен крај на војната во Украина, пишува германскиот весник „Тагешау“.


Според весникот, водечките личности блиски до Трамп биле информирани за иницијативата на Варниг, а конзорциумот предводен од претставници на Соединетите Американски Држави веќе подготвил првични нацрти за евентуален договор со руската енергетска компанија „Газпром“.

Според информациите на германски „Билд“, американскиот пратеник за специјални задачи Ричард Гренел остварил неколку неофицијални патувања во Швајцарија за да разговара за договорот. Оперативната компанија „Северен тек 2“ се наоѓа во Штајнхаузен во кантонот Цуг во Швајцарија.

Самиот Гренел негира дека е вклучен во дискусии за лансирање на „Северен тек 2“, пренесува „Танјуг“.

Можете да прочитате

Папата Франциск вратен на механичка вентилација поради респираторна инсуфициенција

Најмалку 34 лица се повредени во автобуска несреќа во Барселона

Железничката станица во Виена е евакуирана поради закана за бомба