Утрински Весник
Спорт

ФА нема да поведе постапка против Фернандеш

ФА нема да поведе постапка против Фернандеш
Dik 300x250 mk

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) нема да покрене постапка против капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш.

dobivaj vesti na viber

Португалецот се најде во неволја по инцидентот со помошникот судија на натпреварот со Ливерпул во Премиер лигата.

Во неделата на „Енфилд“, Јунајтед загуби од Ливерпул со 0:7 и го претрпе најтешкиот пораз од декември 1931 година.

Во текот на второто полувреме, Фернандеш, кој беше вклучен во бројни инциденти во играта, го турна помошниот судија во близина на аут-линијата кога минуваше зад него, објави денеска „Скај спорт“.

Инцидентот го виделе судијата и неговите помошници, но не бил вклучен во извештајот од натпреварот.

ФА одлучи да не покренува никаква постапка против португалскиот фудбалер.

Можете да прочитате

Јамал, Дембеле и Салах номинирани за наградата „Најдобар“ на ФИФА

Ѓоковиќ го победи Борхес и се пласираше во полуфиналето на турнирот во Атина

Милевски повика 28 фудбалери за средбите со Летонија и со Велс