Приходот во Формула 1 шампионатот во 2022 порасна 20 отсто во однос на 2021 на 2.573 милијарди долари (во споредба со 2.136 милијарди во 2021), додека тимовите добија за 8 отсто повеќе пари, на фантастични 1.15 милијарди долари, покажуваат последните податоци од Ф1 шампионатот.
Тимовите обија точно 1.157 милијарди долари во спореда со 1.068 милијади во 2021, додека оперативните трошоци беа 1.75 милијарди долари во споредба со 1.489 милијарди во 2021.
„Формула 1 имаше рекордна посетеност на трките во 2022 и повторно бевме најбрзо растечкиот голем спорт на социјалните мрежи. Продолжуваме со работата за нашите фанови, а важноста за глобалната видливост најдобро ја покажува влезот на Ауди и Форд во спортот во 2026 година. Оваа година ќе имаме рекордни 23 трки, вклучувајќи ја и првата трка во Лас Вегас“, изјави генералниот директор на Ф1, Стефано Доменикали.