Утрински Весник
Спорт

Ф1: Наредната сезона ќе се возат 25 трки

Ф1: Наредната сезона ќе се возат 25 трки

Минатата недела се појавија информации за тоа како би можел да изгледа календарот на Формула 1 во сезоната 2024, откако Стефано Доменикали се сретна со претставници на сите тимови во Мелбурн.

dobivaj vesti na viber

Наредната сезона ќе биде поставен нов рекорд, планот на Доменикали е да се возат 25 трки, односно две повеќе од оваа сезона.

Кина наредната година речиси сигурно ќе се врати во календарот, Ф1 ќе остане без легендарната патека Спа Франкошамп, која едвај го задржа местото и за оваа сезона.

Кои се двете нови трки во калнедарот? Според непотврдени информации, најверојатно станува збор за Виетнам и Јужна Африка.

Стартот на градската трка во Ханој беше закажан за 2020 година, но прво пандемијата, а потоа и постапката против локалниот промотор, кој заврши во затвор со осуда за корупција, го спречи натпреварувањето.

Во меѓувреме, Доменикали веќе се сретна со премиерот на Виетнам, па идејата за одржување на трката повторно оживеа. Патеката ќе биде слична на „Алберт парк“ во Мелбурн, со постојан бокс дел и улични делови, кои ќе бидат дел од патеката. Главниот дел од патеката е веќе подготвен и на неа се одржаа првите трки со автомобили во декември.

Јужна Африка беше подготвена да потпише договор за почеток на трките во Формула 1 минатата година, но проектот пропадна поради алчноста на сопственикот на познатата локална патека „Кјалами“.

Меѓутоа, сега јужноафриканската влада очигледно е подготвена да го поддржи враќањето на Формула 1 во земјата и се размислува за буџет од 50 милиони долари, а дел од парите ќе бидат наменети за реновирање на последниот сектор на патеката. Овој дел од патеката не ги исполнува современите безбедносни услови.

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност