Утрински Весник
Спорт

Фјури против Џошуа во текот на летото?

Фјури против Џошуа во текот на летото?

Ривал на Тајсон Фјури во борбата за круната во супертешка категорија, во верзијата ВБЦ, ова лето би можел да биде Ентони Џошуа.

dobivaj vesti na viber

Борбата наводно ќе се случи доколку Џошуа го победи Џермејн Френклин овој викенд.

Ова го соопшти промоторот Еди Херн, откако стана јасно дека долго најавуваниот меч Фјури-Усик нема да се случи.

„Веќе имавме одредени разговори во декември минатата година. Тогаш беше постигнат начелен договор парите да се поделат 60:40 во корист на Фјури. Верувам дека лесно ќе се договориме за борба, што би предизвикало поголем интерес во Велика Британија отколку за мечот Усик – Фјури“, изјави Еди Херн.

„Времето ќе покаже колку е реална оваа борба, ја посакувам со целото мое срце“, изјави Џошуа.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина