Утрински Весник
Магазин

Езерото Каракурт во Источна Турција пресуши, се појави потопено село од 2020 година

20251124115317 big 730x400 29.webp.webp

Речиси целосно зачувани згради од село потопено во 2020 година повторно излегоа на површината по повлекувањето на водата во акумулацијата Каракурт во источниот турски округ Карс, јави Анадолија, споделувајќи снимки од местото.

Двокатни станбени згради, џамија со зачувано минаре и остатоци од црква се меѓу објектите што се појавија од потопеното село. Овие објекти го привлекоа интересот не само на патниците на експресниот пат Карс – Ерзурум што минува покрај езерото, туку и на голем број туристи и фотографи.

Причината за повлекувањето на водата во акумулацијата Каракурт, која е пуштена во употреба на 8 февруари 2020 година и во чии рамки функционира хидроелектрична централа (ХЕЦ), е контролирано испуштање, забележува Анадолија.

Можете да прочитате

Истражување: Седата коса е природна заштита против меланом

„Икс“ воведува функција што ја прикажува земјата на потекло на профилот

Влезници за „Златните глобуси“ се продаваат за над 60.000 евра