Утрински Весник
Свет

Европските новинари сè повеќе користат алатки за генеративна вештачка интелигенција

20241220195655 big 730x400 93.webp.webp
Dik 300x250 mk

Европските новинари сè повеќе во своите редакции користат алатки за генеративна вештачка интелигенција, и покрај загриженоста дека технологијата би можела да го поттикне ширењето на лажни вести и да ја поткопа довербата, покажа студијата на група истражувачи од универзитетите во Гент и Амстердам.

Политико денеска објави, повикувајќи се на резултатите од вчера објавената студија, дека малку повеќе од половина од 286 анкетирани новинари во Белгија и Холандија рекле дека користат алатки за генеративна вештачка интелигенција, како што е ChatGPT на OpenAI.


Од оние кои ја користат, 32 проценти рекле дека ја користат неделно, додека 14 проценти ја користат секојдневно.

Истражувачите заклучиле дека податоците во студијата се во согласност со другите истражувања за употребата на генеративна вештачка интелигенција.

Меѓутоа, повеќето испитаници изразиле песимизам за самата технологија – 85 проценти веруваат дека вештачката интелигенција ќе го влоши проблемот со лажните вести, а 83 проценти веруваат дека ќе ја еродира довербата во новинарството.

Генеративната вештачка интелигенција најчесто се користи за автоматски превод (45 проценти), транскрипција на интервјуа (35 проценти) и лектура (30 проценти).

Вообичаени причини за користење на генеративна вештачка интелигенција се заштеда на време, поефикасна работа или барање инспирација.

Истражувањето истакнува дека примената на генеративната вештачка интелигенција „првенствено ги поддржува постојните задачи, наместо да ги трансформира или редефинира новинарските процеси“.

Алатките за генеративна вештачка интелигенција станаа широко распространети откако ChatGPT стекна светска слава кон крајот на 2022 година.

Моделите на вештачка интелигенција што ги поддржуваат тие алатки се предмет на регулирање според Законот на ЕУ за вештачка интелигенција.

Можете да прочитате

Украинците погодија брана во Русија

Севернокорејската министерка за надворешни работи, Чое во посета на Русија

Еден Србин и двајца Хрвати загинаа бегајќи од германската полиција