Утрински Весник
Свет

Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат лица од странство

Laptop.jpg

Истражувањето „Глобални вредносни синџири“ покажува дека аутсорсингот е широко распространета пракса меѓу европските компании. Во периодот од 2021 до 2024 година, 72,8 отсто од претпријатијата пренеле дел од своите деловни активности на надворешни партнери, најчесто во други земји од ЕУ, но и во Индија (18,6%) и Велика Британија (17,1%). Аутсорсингот најчесто се користи за административни и управувачки функции (47,4%), како и за информатичко-комуникациски услуги (28,7%).

Главните причини се намалување на трошоците за работна сила (34,1%), пониски производни трошоци (27,8%) и фокусирање на основната дејност (20,3%). Во анализираниот период, компаниите ангажирале 52.853 работници во странство, додека биле укинати 152.023 работни места во матичните држави, што претставува 0,22 отсто од вкупната вработеност.

Најмногу работни места се изгубени во производството и администрацијата, додека процентуално највисока стапка на загуби е забележана во ИКТ секторот. Иако загубите се релативно мали, истражувањето предупредува дека нивниот долгорочен кумулативен ефект не треба да се занемари. Анализата опфаќа компании од 22 земји членки на ЕУ и од Норвешка.

Можете да прочитате

Зеленски се надева дека војната во Украина ќе заврши следната година

„Вашингтон пост“ почна со отпуштања вработени во речиси сите редакции во обид да ги намали загубите

Жените во Иран сега имаат право да возат мотоцикли и скутери