Утрински Весник
Балкан

Европските демократи со студентите кои бараат одговори за трагедијата во Нови Сад

Zeleznichka Stanica Novi Sad Qwezsu0fr0cenccdc021dvjhh3zodubzfphikv1l0g.jpg
Dik 300x250 mk

Европските демократи објавија дека се со милионите студенти кои денеска ќе излезат на улица за да ги постават прашањата „од кои се плаши системот“, имено кој дозволи пад на настрешницата на железничката станица во Нови Сад и кој ќе биде одговорен за тоа.

„Точно пред една година во 11:52 часот, небото се урна врз железничката станица во Нови Сад, шеснаесет животи беа закопани под тони бетон, а зад нив ѕид од тишина“, напишаа Европските демократи на мрежата X, заедно со слика со наслов „една година, шеснаесет жртви, милиони на улиците“.


Како што додадоа, „не беше судбина, туку небрежност, корупција, неказнивост“, што укажува дека „се уште нема правда, вистина, одговорност“ за тоа.

„Денеска, милиони студенти ќе излезат на улиците. Исто како по железничката несреќа во Темпи, Грција, тие ќе ги постават прашањата од кои системот се плаши – Кој дозволи ова да се случи? Кој ќе биде одговорен за тоа? Ние сме со нив“, пишуваат на мрежата X Европсккте демократи, чии членови во Европскиот парламент припаѓаат на либералната група Да ја обновиме Европа

Можете да прочитате

Мајка на жртва од Нови Сад почнува штрајк со глад: „Морам да знам кој го уби моето дете“

Утре во Албанија е ден на жалост поради смртта на Фатос Нано

Комеморативен собир во Нови Сад: Колони граѓани одат кон Железничката станица