Утрински Весник
Свет

Европски суд на правдата: ЕК не дала доволно информации за зделките со набавка на вакцини

20240717112003 Big 730x400 65.webp.webp

Европската комисија не ѝ обезбеди на јавноста доволен пристап до информации за зделките за купување вакцини за Ковид-19 направени со фармацевтски компании за време на пандемијата, соопшти денеска Европскиот суд на правдата.

Ова се случува еден ден пред да се гласа во Европскиот парламент за кандидатурата на Урсула фон дер Лајен за втор мандат на чело на Европската комисија.

Случајот го покрена група европратеници откако Европската комисија одби да им даде целосен пристап до договорите за вакцините за Ковид-19 склучени од извршната власт во ЕУ и производителите.

Можете да прочитате

Мадуро: Осум американски бродови со 1.200 ракети и подморница и се закануваат на Венецуела

Лавров: Западот се обидува да спречи формирање на мултиполарен свет

Моди и Путин го потврдија посебниот однос помеѓу Индија и Русија