Утрински Весник
Свет

Европски избори: ЕПП освои 181 пратеник, пред социјалдемократите со 135 и либералите со 82

44 1.webp.webp

Десно центристичката Европска народна партија (ЕПП) ќе остане најбројна политичка групација во Европскиот парламент со освоени 181 пратеничко место, пред лево центристичката Прогресивна алијанса на социјалистите и демократите (СД) со 135 европратеници, покажуваат излезните анкети од европските избори што се одржаа од четвртокот до денеска во 27-те земји членки на ЕУ.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, трета политичка сила остануваат либералите со 82 мандати, пред десничарската група Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР) со 71 и екстремно десничарска групација Идентитет и демократија (ИД) со 62 места. Блокот на Зелените и Европска слободна алијанса (ЕФА) освои меѓу 53 европратеници, а Левицата 34 места.

Останатите 101 мандат во 720-члениот Европарламент им припаднаа на партиите што не се членки на ниту една европска група се очекува да освојат околу 55 места. Меѓу нив се и екстремно десничарската Алтернативата за Германија (АФД), италијанското популистичко Движење Пет ѕвезди (М5С), национал-конзервативната и десно популистичка Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан, лево популистичката и националистичка Насока-Социјална демократија (Смер-СД) на словачкиот премиерот Роберт Фицо, социјалдемократската Глас-Социјална демократија (Хлас) на претседателот на Словачка, Петер Пелегрини и германската левичарска и популистичка Алијанса на Зара Вагенкнехт (БСВ).

Ваквите резултати ги зголемуваат шансите на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која е „шпиценкандидатка“ на ЕПП, за реизбор на функцијата.

Можете да прочитате

Путин: Русија мора да започне производство на ракети со среден и мал дострел

Кралот Чарлс сака да оди во Америка за да се дружи со внуците

Предизборната кампања на Бајден собрала 14 милиони долари по телевизиската дебата со Трамп