Утрински Весник
Економија

Европски „Ербас“ повторно пред „Боинг“, продаде многу поголем број авиони

Европски „Ербас“ повторно пред „Боинг“, продаде многу поголем број авиони

Европскиот производител на авиони „Ербас“ го надмина американскиот „Боинг“ во 2022 година, четврта година по ред, по бројот на испорачани авиони и нови нарачки, особено во бизнисот со Кина.

dobivaj vesti na viber

Американскиот производител на авиони „Боинг“ минатата година испорача вкупно 480 авиони и доби нето од 774 нови нарачки, по исклучувањето на откажаните. И покрај големиот скок на нарачките и испораките од 2021 година, кога испорача 340 авиони и прими 479 нови нето-нарачки, сè уште заостанува зад „Ербас“, и тоа четврта година по ред.

Европскиот авијациски концерн минатата година испорача 661 авион и прими 1.078 нарачки за млазни авиони, односно нето 820 од нив, по исклучувањето на откажаните. Во исто време испорача повеќе од 100 авиони во Кина, а „Боинг“ испорача само осум.

Во јули три водечки кинески државни авиокомпании се согласија да купат 232 авиона „ербас“, модел „300“.

Од друга страна, „Боинг“ во септември најави дека ќе бара нови клиенти за некои од стоте и повеќе авиони „737 MAX“ резервирани за кинеските авиокомпании. Авионите MAX се повлечени од сообраќај 20 месеци по две тешки несреќи, во кои загинаа 346 лица.

Американскиот секретар за трговија, Џина Раимондо, во 2021 година се пожали дека кинеската влада ги спречува домашните авиокомпании да купуваат авиони „боинг“ во вредност од „десетици милијарди долари“.

Извршниот директор на „Боинг“, Дејв Калхун, во октомври изјави дека се надеваат оти на крајот ќе испратат повеќе авиони во Кина.

Можете да прочитате

Во Одборот на директори на ЗК Пелагонија влегува Јове Кекеновски

Нова инвестиција на турската компанија „Чагатај Кабло“ во ТИРЗ Скопје, до 200 нови работни места

Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот