Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Европската левица го следи случајот со цензурата врз Левица

Levica.webp.webp
Img 7972

По нашето официјално обраќање до Европската обединета левица (The Left) во Европскиот парламент, добивме потврда дека случајот со медиумската цензура и дискриминаторските упатства на АВМУ против Левица веќе е проследен до европските институции и ќе биде разгледан од страна на соодветните членови.

Во својата официјална порака до Левица, кабинетот на ко-претседавачите на левицата порача:


„Ви благодариме што нè информиравте за оваа многу загрижувачка ситуација. Вашите грижи и барања ги проследивме до колегите од нашата група кои ги следат случувањата во Македонија, за да можат подетално да ја разгледаат ситуацијата и да преземат соодветни чекори. Ќе останеме во контакт со вас додека ситуацијата се развива.”

Додека домашните институции молчат пред очигледната политичка дискриминација, меѓународните организации и нашите левичарски сојузници покажуваат подготвеност да ја разгледаат оваа неправда и да застанат во одбрана на демократските принципи. Светот ќе дознае за обидите да се замолчи единствениот социјалистички глас во Македонија.

Ова претставува важен чекор во разобличувањето на обидите за политичка елиминација на Левица. Преку ограничување на платеното политичко рекламирање, власта и нејзините сателити во медиумските регулатори се обидуваат да ја заглушат критиката и да го задушат плурализмот во јавниот простор.

Но, како и секогаш во историјата, цензурата само ја зацврстува решителноста на оние што не се покоруваат.

Левица ќе продолжи да се бори, и на домашен и на меѓународен план, против сите форми на политичка дискриминација и медиумска неправда.

Можете да прочитате

Продолжи судењето за „Онкологија 2“: Додека бил директор Нино Васев се потпишувал на т.н. условна терапија

Со „бмв“ удрил во паркирано возило, а потоа во малолетен пешак

Тасевски: Раководството на М-НАВ сее страв и паника, Штрајкот е законски, а безбедноста на парниците не е загрозена со штрајкот!