Утрински Весник
Свет

Европската комисија одобри исплата на 4,1 милијарди евра за Украина 

Eu.webp.webp

Европската комисија одобри исплата на 4,1 милијарди евра за Украина во рамките на механизмот на Европската унија за Украина, објави Укринформ, повикувајќи се на објава на украинскиот премиер Денис Шмихал на „Телеграм“.

„Европската комисија одобри исплата на 4,1 милијарди евра на Украина во рамките на Украинскиот механизам. ЕК даде позитивна оценка за реформите и истакна дека владата ги исполнила потребните индикатори за да ја добие оваа транша. Очекуваме брзо одобрување на одлуката од страна на Советот на Европската Унија. Со тоа, вкупната поддршка во рамките на Механизмот за Украина оваа година ќе достигне 16,1 милијарда евра“, напиша Шмихал.

Тој изрази благодарност за непоколебливата поддршка на ЕУ за Киев. Нагласи дека и покрај тековната војна со Русија, Украина останува посветена на реформите и трансформацијата, насочени кон зајакнување на нејзината европска интеграција и напредок кон полноправно членство во Европската унија

Можете да прочитате

Лице од Флорида уапсено поради подготовка да ја дигне во воздух берзата во Њујорк

Унгарија ќе инсталира ПВО систем на границата со Украина

Напад со возило во Пакистан, убиени најмалку осум шиити