Утрински Весник
Свет

Европската централна банка со најголема загуба во историјата

Ecb.jpeg

Европската централна банка (ЕЦБ) во четвртокот извести дека во 2023 година работела со најголема загуба откако е основана и предупреди дека поради каматните трошоци, би можела да продолжи да бележи загуби во наредните години.

Загубата на ЕЦБ беше 7,9 милијарди евра минатата година. Кога ќе се вклучат резервациите за финансиски ризици, загубата изнесува 1,3 милијарди евра.

Во 2022 година банката работеше со загуба од 1,6 милијарди евра. Кога се вклучени резервациите, резултатот беше позитивна нула.

„Загубат ја одразува улогата и неопходните монетарни одлуки на Евросистемот во исполнувањето на примарниот мандат за зачувување на ценовната стабилност и не влијае на неговата способност да води ефикасна монетарна политика“, соопшти централната монетарна институција на еврозоната.

Банката се уште е добро капитализирана и може ефикасно да работи, потенцираат тие.

Нето каматните трошоци на ЕЦБ минатата година изнесуваа 7,2 милијарди евра, наспроти нето каматните приходи од 900 милиони евра во 2022 година, што банката го објаснува со зголемување на каматните стапки.

Од јули 2022 година до септември 2023 година, ЕЦБ ги зголеми клучните каматни стапки за 4,5 процентни поени. До јули 2022 година, тие печатеа пари за купување должнички хартии од вредност со надеж дека изобилната ликвидност и евтините кредити ќе го поттикнат економскиот раст и инфлацијата.

Зголемените каматни стапки резултираа со повисоки каматни трошоци за обврските на ЕЦБ со кратки рокови и променливи каматни стапки. Приходите од камати на средствата на ЕЦБ не пораснаа со исто темпо, бидејќи тие носат фиксни каматни стапки и долг рок на доспевање, објаснуваат тие.

Разликата во каматните стапки на средствата и обврските веројатно ќе и донесе загуби на ЕЦБ и во наредните години, предупредуваат тие.

Можете да прочитате

Боксерскиот тренер на Самоа почина во Олимпиското село во Париз

Холанѓанец осуден за силување дете доби дозвола да се натпреварува на Олимпијадата

Бројот на загинати Палестинци во денешниот израелски воздушен напад за искачи на најмалку 30