Утрински Весник
Свет

Европол: Дваесет и пет лица уапсени поради онлајн дистрибуција на детска порнографија генерирана со вештачка интелигенција

20250228115244 Big 730x400 71.webp.webp

Најмалку 25 лица се уапсени поради онлајн дистрибуција на детска порнографија генерирана од вештачка интелигенција, во една од првите меѓународни операции од ваков вид, соопшти денеска Европол.

„Операцијата „Кумберленд“ беше еден од првите случаи со содржина на детска порнографија генерирана од вештачка интелигенција, што ја отежнува задачата на истражителите поради недостигот на национално законодавство за овие злосторства“, се вели во соопштението на полициската агенција на ЕУ со седиште во Хаг.


Повеќето од апсењата беа извршени завчера во светска операција предводена од данската полиција и во која беа вклучени агенциите за спроведување на законот во 18 други земји, вклучително и Франција.

Акцијата следи по апсењето во ноември на главниот осомничен во случајот – дански државјанин, сопственик на онлајн платформа на која дистрибуирал содржини генерирани од вештачка интелигенција.

„По онлајн плаќањата, корисниците на интернет ширум светот можат да добијат лозинка за пристап до платформата и да гледаат злоупотреба на деца“, соопшти Европол.

„Сексуалната експлоатација на деца на интернет останува една од најзаканувачките манифестации на кибер криминал во ЕУ“, нагласи полициската агенција.

Можете да прочитате

Зеленски пристигна во Белата куќа на средба со Трамп

Дедо со нож уби двајца свои состанари во старечки дом во Белгија

Кејти Пери ќе лета во вселената со уште пет жени со ракетата на Џеф Безос