Утрински Весник
Македонија

Европа тропна во македонското Собрание: Донесете ги законите, заштитете ги трансродовите лица

Европа тропна во македонското Собрание: Донесете ги законите, заштитете ги трансродовите лица

Во писмото упатено до македонскиот парламент, a објавено денеска, комесарката за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ, силно ги охрабрува тековните напори за усогласување на македонската правна рамка со стандардите на Советот на Европа во областа на правното признавање на родот за трансродовите (транс) луѓе.

dobivaj vesti na viber

Комесарката смета дека усвојувањето на измените на Законот за матичните книги (бр. 08-3221/1) би претставувало клучен чекор во извршувањето на пресудата на Европскиот суд за човекови права во случајот X v. „поранешна југословенска Република Македонија“, од 2019 година, во која Судот утврди повреда на член 8 (право на почитување на приватниот и семејниот живот) од Европската конвенција за човекови права поради недостаток на брза, транспарентна и пристапна процедура во националното законодавство за родово признавање.

Мијатовиќ нагласува дека „извршувањето на пресудите на Судот е камен-темелник на заштитата на човековите права во регионот на Советот на Европа“.

Комесарката забележува дека пристапот до легално признавање на полот е клучен за спречување на дискриминација и насилство врз транс луѓето.

Таа, исто така, потсетува на клучната улога на парламентарците во борбата против општествените предрасуди и нетолеранција кон ЛГБТИ луѓето и ги повикува да се спротивстават на притисокот од групите кои сакаат да го поткопаат целосното почитување на човековите права.

Можете да прочитате

Филипче: Платите на лекарите мора да растат

Филипче по средбата со Давкова: Укажав дека партизацијата на безбедносните служби мора да запре

Заменик министерот Исени на 115 сесија на Советот на Меѓународната организација за миграции во Женева