
Ситуацијата на Блискиот исток е исклучително тензична по нападот на Израел над Иран, а и земјите во регионот се во состојба на готовност. Во Абу Даби се играше турнирот за јуниори, кој Евролигата го откажа, откако најпрво натпреварот меѓу Монако и Арис беше прекинат од безбедносни причини. Салата каде што се играа натпреварите е во непосредна близина на воените бази, кои беа цели на бомбардирањето.
„Квалификацискиот турнир на јуниорската Евролига во Абу Даби е откажан. Поради состојбата во регионот донесена е одлука која гарантира безбедност на сите учесници. Одлуката е донесена во консултации со релевантните власти и учесниците“, пишува во соопштението на Евролигата.
Инаку дуелот на јуниорските екипи меѓу Монако и Арис беше прекинат во 12.минута, а подоцна уште еднаш на полувреме по одиграни 20 минути.


