Утрински Весник
Свет

Еврокомесарот Бретон: Киев не може да влезе во НАТО додека трае војната

Еврокомесарот Бретон: Киев не може да влезе во НАТО додека трае војната

Украина не може да влезе во НАТО додека траат конфликтите во таа земја, изјави еврокомесарот за внатрешен пазар, Тиери Бретон.

dobivaj vesti na viber

„Украинскиот претседател Володимир Зеленски праша за членство во НАТО, но веќе знаете дека за да влезе во алијансата, една земја не смее да биде во војна. Украина е земја во војна и затоа е евидентно дека тоа во моментот е невозможно“, изјави Бретон за телевизијата БФМ.

Тој ја опиша ситуацијата како политички демарш и посочи дека барањето на Зеленски е симболично.

Зеленски на крајот на минатиот месец потпиша барање за членство во НАТО по забрзана постапка. Генералниот секретар на алијансата, Јенс Столтенберг, одби да одговори на директно прашање дали НАТО ќе го поддржи барањето, потсетува ТАС.

Можете да прочитате

Судири помеѓу полицијата и земјоделците пред ЕП во Стразбур

Британската влада одобри Кина да почне со изградба на нова амбасада во Лондон, една од најголемите во светот

Владата на Полска планира да ја укине вонредната помош за Украинците