Утрински Весник
Македонија

Еве колкава е казната за трговците доколку не ги намалат цените на прехранбените производи

Super Market.jpg

Околу 120 инспектори од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) извршуваат надзор низ целата држава за почитување на владината одлука. Тие се распределени во околу 40 тимови и се ротираат низ цела Македонија.

Казни од 2.000 до 10.000 евра ќе добијат оние трговци кои не ја почитуваат одлуката на Владата за ограничените профитни маржи за основните прехранбени производи и не постапуваат по Законот за трговија.

Од вчера се на терен по големите маркети во различни градови, а како што најави Горан Трајковски, директорот на ДПИ, од денес започнуваат со проверки на малите маркети и бурекџилниците, а од утре и на трговците на големо.

Тие ќе утврдат и дали имало зголемување на цените на прехранбените производи пред да се донесе одлуката и да сташи во сила.

– Изминативе денови забележавме дека трговците на мало не си ја сфатиле сериозно одлуката и нејзината примена. Затоа, ќе бидеме неколку дена на терен и ќе постапуваме по законските прописи и секој што не ја почитува одлуката ќе биде казнет, а доколку има потреба во иднина ќе затвориме и дел од објектите што не ја почитуваат одлуката – истакнува Трајковски.

Можете да прочитате

Филипче откри документ: Светска Банка понудила поповолен кредит од унгарскиот

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ е таа партија која прави дестабилизација на државата

Филипче: Мицкоски нема право да ги прекине преговорите со ЕУ, државата не е негова приватна своина