Утрински Весник
Економија

Еве кога ќе започне исплатата на повратот на ДДВ

U P Korisnicite Na Aplikaci Ata Mo Ddv So Smetki Od Ohridska Banka Da Izvrshat Azhurira E.jpg

Управата за јавни приходи денеска соопшти дека од следната седмица преку Министерството за финансии ќе започне исплатата на повратот на ДДВ.

Како што стои во соопштението, веднаш по назначувањето на нов директор во УЈП е формирана Комисија за унапредување на процесите за ДДВ.

– Од причина што УЈП нема воспоставено централизирано управување со повратот на ДДВ кое ќе обезбеди конзистентност на анализите и пристапите на регионалните дирекции, исто така не користи систем за автоматско вкрстување на податоци за цели на анализа на ризици, а воедно во дел од регионалните дирекции не се пополнети работните позиции чија одговорност е одобрување на повратот на ДДВ, меѓу другите свои задачи, оваа Комисија направи детална анализа и издвои барања за поврат кои претходно биле одобрени, а за кои Комисијата процени дека има одреден степен на ризик и треба да се изврши инспекциска контрола кај даночните обврзници. За останатите износи, кои претходно биле одобрени и доставени за реализација, од следната седмица ќе се врши исплатата на повратот, појаснвуаат од УЈП.

Враќањето на вишокот на влезниот ДДВ, се додава, е легитимно право на даночните обврзници, но ДДВ повратот е подложен на злоупотреби и измами, какви што се случуваа во изминатиот период.

– Со формирање на Комисијата започнуваме со редизајнирање на внатрешниот процес за управување со ДДВ во УЈП, почнувајќи од првиот чекор – регистрацијата за цели на ДДВ, со цел процесот да биде ефективен и во однос на заштита на буџетските приходи од злоупотреби и во однос на сигурноста на даночните обврзници кои точно пријавуваат и ги побаруваат средствата од вишокот влезен ДДВ, се вели во соопштението.

Паралелно преку Комисијата и надлежните единици во структурата во Генералната дирекција, се подвлекува во соопштението, веќе се отпочнува со централизиран мониторинг и координација на повратот на ДДВ, за да може од прв ден да се обезбеди унифицираност и конзистентност во оперативното постапување во регионалните дирекции.

Можете да прочитате

Дурмиши: Oд март 2025 зголемување на минимална плата

УПОЗ не отстапува од барањето за покачување на минималната плата на 450 евра

Се подготвува новогодишната кошничка: Околу 600 производи еден месец ќе бидат по намалена цена