
Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија ги известува сите корисници на пензија дека целосно се обезбедени потребните средства за исплата на пензиите за месец декември 2025 година.
За оваа намена се обезбедени средства во вкупен износ од 9.289.521.686,00 денари (девет милијарди 289 милиони 521 илјади 686 денари) за вкупно 340.156 корисници на пензија.
Оттаму, додаваат дека поради тоа што 1-ви јануари е неработен ден (државен празник), средствата ќе бидат префрлени до деловните банки на 2 јануари 2026 година.
Инаку, дел од комерцијалните банки пензиите кон своите клиенти ги исплаќаат од свои средства некој ден порано.
Па така, пензионерите кои се во Комерцијална банка Скопје со пензиите можат да распологаат уште денеска


