Утрински Весник
Магазин

Еве како да добиете интензивна зелена боја без капка хемикалии!

Jajca.jpg
Dik 300x250 mk

Оваа година изберете природни методи

Ако преферирате да избегнувате бои од кесичка и други слични методи на боење јајца, имаме добри вести за вас. Можно е да се добие интензивна зелена боја на сосема природен начин.

Се што ви треба е спанаќ!

Можете да користите свеж или замрзнат, резултатите сигурно нема да пропаднат.

Постапката никогаш не била поедноставна – само ставете го саканиот број јајца во тенџере со ладна вода, лажица сол и оцет и додадете го спанаќот. Сварете ги јајцата на тивок оган заедно со спанаќот, па оставете ги целосно да се изладат во водата. Кога ќе ги извадите, ќе ја добиете совршената зелена боја на вашите велигденски јајца.

Можете претходно да ги украсите со тревки и да ги завиткате во хулахопки, како кога тоа го правите тоа во лушпи од кромид.

Можете да прочитате

Необична пресуда во Франција: Сопственичка на маче казнета со 1.250 евра

Четири грешки во кујната што ја намалуваат хранливата вредност на вашите оброци

Тарт со спанаќ и сирење