Утрински Весник
Скопје
Img 7972

Еве каде низ Скопје утре ќе нема вода, а каде ќе нема струја

Skopjekej 1.jpg
Dik 300x250 mk

Без вода во текот на утрешниот ден ќе останат корисници од општина Карпош, додека струја ќе немаат делови од општините Аеродром, Зелениково и Сопиште, соопшти вечерва Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.

Според известување од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“, утре ќе се санира дефект на водоводна мрежа на улицата „Копенхагенска“, крстосница со „Стокхолмска“ во населба Тафталиџе.


Како што е најавено, од 11:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Копенхагенска“, „Стокхолмска“, „Софиска“, „Његошева“, „Гаврил Лесновски“ и „Петар Драганов“ во општина Карпош.

Од „ЕВН“ имало информација дека поради планирани зафати во електро – дистрибутивната мрежа, без напојување со електрична енергија ќе останат корисници од три општини.

Во општина Аеродром, од осум до 15 часот, струја ќе немаат дел од корисниците од село Долно Лисиче. Во истиот термин, електрична енергија ќе немаат и корисниците од објектите во околината на зградата на „Алкалоид“ на улицата „Трета македонска бригада“.

Од девет до 16 часот, корисниците од селата Дејковец и Добрино во општина Зелениково.

Од девет до 12:00 часот, корисниците од дел од село Горно Соње, поточно улиците со број „10“ и „12“ во општина Сопиште.

Можете да прочитате

Бујар Османи: Овие избори во Чаир се борба меѓу народот и една клика луѓе кои 20 години го ограбува

(Видео) „Реално“ со Марко и Дејан Митески: Аеродром може да остане зелена и мирна општина

Ацевски: Нудиме хумано живеење, Буџетот не смее да се полни со 30 нови висококатници во срцето на Ѓорче