Петнаесет училишта од Скопје и Битола утрово добиле закани за бомби на електронски адреси, соопшти МВР. Учениците се евакуирани, а во тек се проверките од одделот за антитероризам.
„Дoсега во СВР Скопје и СВР Битола било пријавено дека на електронските адреси на десет училишта во Скопје и пет во Битола, како и во Фудбалската федерација на Македонија, хотел ‘Александар Палас’, хотел ‘Мериот’, трговски центар ‘Ист гејт’, спортска сала ‘Борис Трајковски’ и Меѓународен Аеродром Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, велат од МВР.
Меѓународниот аеродром Скопје повторно работи по прекинот утрово поради дојавата за бомба дојава, а веќе се враќаат во објектот и гостите на хотелот „Александар Палас“.