Утрински Весник
Македонија

Евакуација на македонските државјани од Блискиот Исток со комерцијални чартер-летови од недела

Mnrint.webp.webp

Евакуацијата на македонските државјани од земјите од Блискиот Исток, која ќе се реализира со комерцијални чартер-летови, ќе започне во недела.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија попладнево склучи договор со авиокомпанија, согласно Законот за јавни набавки, по спроведена соодветна постапка. Согласно утврдениот план и предвидената динамика, се очекува до средината на следната недела да бидат евакуирани сите македонски државјани кои изразиле подготвеност за враќање.


Процесот е целосно координиран од Министерството и дипломатско-конзуларните претставништва во регионот. Завршувањето на постапката за јавна набавка претставува потврда за навременото и одговорно постапување во насока на заштита и грижа за македонските граѓани.

Согласно последните податоци, заклучно со денес, Амбасадата во Доха ја контактирале 150 македонски државјани, од кои 95 изразиле подготвеност за евакуација. Амбасадата во Абу Даби ја контактирале вкупно 585 лица кои престојуваат во Обединетите Арапски Емирати, како и 36 лица од Кувајт, 15 од Бахреин и 5 од Кралството Саудиска Арабија.

Министерството уште еднаш ги повикува сите македонски државјани кои сè уште не стапиле во контакт со надлежните дипломатско-конзуларни претставништва, а имаат потреба од евакуација или асистенција, тоа да го сторат во најкраток можен рок преку дежурните телефонски броеви на ДКП-ата или преку СОС-бројот на Министерството.

Техничките и организациските детали околу реализацијата на летовите ќе бидат утврдени во координација со економскиот оператор, за што граѓаните ќе бидат навремено информирани.

Министерството останува во постојана комуникација со граѓаните и во координација со надлежните институции, со приоритетна цел – нивно безбедно и навремено враќање.

Можете да прочитате

Бугарија му забрани влез на адвокатот Тони Менкиноски во следните 10 години

Тополова – Исајловска: Кога жртвата се повлекува од притисок, системот мора да биде доволно силен да ја заштити

Водата во Струга безбедна за пиење, по еден месец тргната забраната