Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Еурофарм Пелистер со апел до навивачите пред големото дерби со Вардар

Еурофарм Пелистер со апел до навивачите пред големото дерби со Вардар
Img 7972

Ракометното дерби меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 161 денеска го окупира вниманието на домашната спортска јавност, а клубот домаќин упати апел до навивачите.

dobivaj vesti na viber

Салата „Боро Чурлевски“ ќе биде исполнета до последното место, со оглед дека билетите беа распродадени експресно, за само 17 минути. Натпреварот кој ќе решава за титулата се игра од 19 часот.

„РК Еурофарм Пелистер ги известува сите љубители на ракометот кои купија билети и ќе го следат натпреварот од 12. коло на плеј-офот меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 (сабота, 6 мај – 19:00 часот) дека вратите на спортската сала „Боро Чурлевски“ ќе бидат отворени во 17:00 часот, а ќе се затворат во 18:30 часот.

Ги повикуваме присутните во салата да не носат со себе парички, тврди предмети, цигари, бидејќи истите на влезовите ќе бидат одземени“, објави битолскиот клуб.

Можете да прочитате

Англија ја победи Летонија и обезбеди учество на СП 2026

Барди со мајсторски потег ја спаси вечерта – Македонија ремизира со Казахстан!

Барселона ќе ја чека пекол во Битола – влезниците продадени за осум минути