Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Еурофарм Пелистер се раздели со тренерот Ларс Валтер

Еурофарм Пелистер се раздели со тренерот Ларс Валтер
Img 7972

Ракометниот вицепрвак Еурофарм Пелистер ја раскина соработката со данскиот стратег Ларс Валтер. По неочекуваниот пораз од Мотор Запорожје на домашен терен, „пелистерци“ не успеаја ја минат групната фаза од Европската лига на ЕХФ. Битолскиот клуб најавува дека од почетокот на следната седмица ќе биде именуван нов стратег, а на утрешниот натпревар против Пролет екипата ќе ја водат асистентите Божидар Мојсов и Ице Соколески.

dobivaj vesti na viber

„РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека денес спогодбено го раскина договорот со тренерот Ларс Валтер. Иако имаше потпишано соработка до јуни 2024 година, данскиот стручњак се согласи за разделба со нашиот клуб, како последица на лошите резултати во Европа оваа сезона. Клубот е горд на изборот и соработката со врвен професионалец и ракометна личност како Ларс Валтер. Целосно сме благодарни на неговиот ангажман, пристап и работа. Во неговиот период Еурофарм Пелистер го освои Суперкупот на Македонија и првпат играше на завршниот турнир на СЕХА Гаспром лигата. Веруваме дека оваа одлука ќе предизвика реакција кај тимот во невралгичниот дел на сезоната. На Ларс му посакуваме многу успех во понатамошната кариера и вратите од нашиот клуб секогаш ќе бидат отворени за личност како него.

На утрешниот натпревар против Пролет екипата ќе ја водат асистентите на Валтер, Божидар Мојсов и Ице Соколески, а од понеделник клубот ќе го именува новиот тренер“, истакнаа од РК Еурофарм Пелистер.

 

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН