Утрински Весник
Спорт

Еурофарм Пелистер освои бод против Спортинг во ЛШ

Rakomet Eurofarm Pelister Sporting 2024 20.jpg

Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер со цврста игра сосема заслужено на крајот се избори за реми од 24:24.

„Зелено-белите“ имаа осцилации во играта, но држеа ритам и по 30 минути имаа предност од 15:13 на семафорот.

Добри беа и во вториот дел во салата „Боро Чурлевски“ каде дојдоа и до позитива од четири разлика, меѓутоа гостите од Лисабон не се предаваа, комплетно се вратија во игра и во еден момент избегаа на три разлика (24:21).

Многумина тука го отпишаа Пелистер, ама избраниците на Ангеловски беа упорни и со серија од 3-0 која беше заоркужена со погодокот на Атанасијевиќ во самата завршница се дојде до реми, прв бод за клубот од Битола по серијата од 17 порази во низа во елитното натпреварување.

По пет гола во македонскиот тим запишаа Пешевски, Кузмановски и Радивојевиќ, голманот Митревски имаше 10 одбрани.

Можете да прочитате

Белингем прогласен за најдобар играч минатата сезона во Примера од страна на Здружението на фудбалери на Шпанија

Дебакл на Јокиќ и Нагетс среде Денвер

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија