Утрински Весник
Спорт

Еурофарм Пелистер го освои Струшкиот ракометен турнир

20240818000416 Big 730x400 74.webp.webp

Во македонското дерби полно со нервоза, борба, надмудрување, неизвесност и со многу исклучувања пред полни трибини во Струга, Еурофарм Пелистер вечерва го совлада Вардар со 29:26 (13:11) и се израмнија со Вардар со по 14 освоени титули на турнирот.

За најдобар голман на турнирот беше прогласен Филип Ивиќ, најдобар стрелец беше Богдан Радивојевиќ и за најкорисен играч на турнирот беше избран Филип Кузмановски сите од шампионот Еурофарм Пелистер.

Шведскиот тим Ескилстуна Гуиф во неизвесен натпревар го освои третото место откако го совлада ПАОК минимално со 28:27 (15:12). Грците иако имаа водство на осум минути пред крајот на мечот од два гола (26:24) Швеѓаните направија пресврт со серија од 4:0 и ја освоија бронзата. Најефикасен на мечот беше Каспер Ларсон со 9 погодоци.

Во натпреварот за избегнување на последното место екипата на Тиквеш го совлада домаќинот Струга со 24:17 остварувајќи ја првата победа на турнирот и го освои петтото место. 

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност