Утрински Весник
Свет

„Еуроактив“: Бугарија профитираше со извоз на оружје во Киев преку посреднинци

„Еуроактив“: Бугарија профитираше со извоз на оружје во Киев преку посреднинци

Бугарските производители на оружје извезле производи во вредност од милијарди долари во Украина користејќи трети страни како посредници, откри порталот „Еурактив“.

dobivaj vesti na viber

Претходно беше објавено дека поранешниот премиер Кирил Петков ја презеде одговорноста за шемата, која ги заобиколи владините противници на овие трансакции.

Според истражувањето, по избувнувањето на конфликтот во февруари 2022 година, бугарските производители забележале брз пораст на профитот, удвојувајќи ја продажбата минатата година.

Бугарија е главен производител на муниција компатибилна со советско дизајнираното оружје, кое Украина интензивно го користеше пред САД и нивните сојузници да достават алтернативи произведени од Западот.

Изворите на Еурактив наведуваат дека минатата година од Бугарија во Украина било пренесено оружје во вредност од најмалку една милијарда долари, главно преку Полска и Романија.

Порталот нагласува дека не се потпишани директни договори за оружје.

Поранешниот вршител на должноста министер за одбрана Велизар Шаламанов, кој е отворен поддржувач на испораката на оружје во Украина, изјави дека трансферот на оружјето се вршел преку странски шеми и бил финансиран со странски пари.

„Има програма со добро финансирање во Велика Британија, САД и Полска. Преку оваа програма се купува оружјето кое и е потребно на Украина, односно парите не се украински туку британски, американски, полски или европски. Се купува преку други фирми“, изјави тој за „Еурактив““.

Тајните испораки во јануари ги опиша германскиот весник „Велт“, кој заслугите им ги припиша на поранешниот бугарски премиер Кирил Петков и поранешниот министер за финансии Асен Василев. И двајцата дипломирале на Универзитетот Харвард и припаѓаат на истото политичко движење, кое го основаа заедно и е ориентирано кон НАТО.

„Проценуваме дека околу една третина од муницијата потребна на украинската армија дошла од Бугарија во раните фази на војната“, изјави тогаш Петков.

Премиерот постапи спротивно на јавното мислење, кое во голема мера се спротивстави на обезбедувањето голема помош за Украина поради загриженоста дека нивната земја ќе биде вовлечена во конфликтот, објави „Велт“.

Владата на премиерот Петков беше поддржана од коалиција од четири партии, а според германскиот весник тој работел зад грбот на социјалистите, односно партија – член на коалицијата која јавно се спротивстави на каква било испорака на оружје за Украина.

Петков ја загуби функцијата со гласање за доверба во јуни. Бугарскиот парламент не успеа да формира стабилна влада по предвремените избори во октомври и во моментов се подготвува за нови избори во април.

Софија го одобри својот прв официјален пакет воена помош за Киев во декември.

Можете да прочитате

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет