Утрински Весник
Магазин

ЕУ со истрага против Фејсбук и Инстаграм: Предизвикуваат зависно однесување кај децата

Instagram Vs Facebook Which Is The Best Fit For Your Business In 2020 .jpg

ЕУ отвори формална истрага против Фејсбук и Инстаграм поради сомневање дека платформите во сопственост на Мета предизвикуваат зависно однесување кај децата.

„Не сме убедени дека направиле доволно за да се усогласат со обврските од Законот за дигитални услуги (Digital Services Act) за да се ублажат ризиците од негативни ефекти врз физичкото и менталното здравје на младите Европејци“, рече комесарот за внатрешниот пазар на ЕУ, Тиери Бретон.

Можете да прочитате

Што значи црниот прстен на десната рака? Поранешна вработена открива детали од крузерите

Дневен хороскоп за 17 февруари 2026

Повремената омраза е нормална појава – ако си го признаеме, ќе може да управуваме со тоа чувство