Утрински Весник
Македонија

ЕУ скрининг: Слободно движење на стоки

ЕУ скрининг: Слободно движење на стоки

Денес на агендата на скрининг-средбите на Македонија со Европската Унија во Брисел беше Поглавјето 1 – Слободно движење на стоки од Кластер 2 – Внатрешен пазар.

dobivaj vesti na viber

Слободното движење на стоки претставува една од 4-те основни слободи врз кои е изграден и функционира единствениот пазар на Европската Унија. Законодавството и институционалната имплементација на слободното движење на стоки претставуваат основа на економскиот развој.

Заменик-главниот преговарач на Северна Македонија со Европската Унија, Дрита Абдиу-Халили, истакна дека слободното движење на стоки е од особено значење, од самиот факт што 75 отсто од севкупната трговија во ЕУ ја сочинуваат стоките, и тоа генерира над 20 проценти од домашниот бруто-производ на Европската Унија.

Северна Македонија успеа да го усогласи најголемиот дел од законодавството за ова поглавје, а институциите носители на овој процес имаат статус на независни правни тела, соопштија од Секретаријатот за европски прашања.

Докажано е дека 1,7 проценти од економскиот раст на домашниот бруто-производ на земјите членки на годишно ниво се однесува на трговијата со стоки на единствениот пазар на ЕУ. Единствениот пазар на ЕУ им помага на земјите членки да градат развиени и одржливи економии.

Што се однесува на единствениот пазар на ЕУ и слободното движење на стоки, законодавството на ЕУ првично беше фокусирано на отстранување на трговските бариери, но денес единствениот пазар на Европската Унија адресира и други стратешки цели, како што се еколошките стандарди и човековите права.

Законодавната рамка поврзана со слободното движење на стоки постојано се унапредува и е особено важна, но уште поважна е институционалната структура која треба да ја спроведува.

Можете да прочитате

Шекеринска: Русија е главна закана за НАТО – зголемување на одбранбените буџети е историска потреба

Комеморација без сите деца? Скандал околу организирањето на одбележувањето во Кочани

Сиљановска-Давкова го прими албанскиот претседател Бегај во Охрид