Утрински Весник
Свет

ЕУ санкционираше бизнисмени кои се поврзани со „Росњефт“ и „Лукоил“

Eu.webp.webp

Советот на ЕУ ќе ја прошири листата на санкционирани лица одговорни за поддршка на т.н. руската „флота во сенка“, со додавање на уште пет поединци и четири компании.

Санкционираните поединци се бизнисмени директно или индиректно поврзани со руските државни нафтени компании „Росњефт“ и „Лукоил“.

Тие се осомничени дека контролираат бродови со кои илегално се транспортираат нафта или нафтени деривати што се извезуваат од Русија, прикривајќи го нивното вистинско потекло, со што практикуваат нерегулиран и високоризичен транспорт.

Според Советот на ЕУ, тие вака овозможуваат дополнителни приходи на руската Влада за водење на војната во Украина.

Санкционираните четири правни субјекти се компании со седишта во Обединетите Арапски Емирати, Виетнам и Русија.

На оваа листа на санкционирани поради поврзаност со „флотата во сенка“ се наоѓаат над 2600 физички и правни лица.

Можете да прочитате

Орбан: Унгарија нема да испраќа пари и оружје во Украина 

Избеганиот сириски диктатор Башар ел Асад одлучи да стане очен лекар во Москва

Најмалку 37 луѓе загинаа во поплавите во Мароко