Утрински Весник
Свет

ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

Eu.webp.webp
Dik 300x250 mk

Европската унија развива нов план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Таа го критикуваше официјален Пекинг за проширување на ограничувањата за извоз на критични суровини.


Европската унија со години се обидува да ја намали зависноста од увоз на критични суровини од Кина, вклучувајќи суровини потребни за транзиција кон почиста енергија, одбранбениот сектор и производството на електрични возила.

Фон дер Лајен рече дека ЕУ ќе се стреми да ги забрза партнерствата за критични суровини со земји како Австралија, Канада, Чиле, Гренланд, Казахстан, Узбекистан и Украина.

„Планот, исто така, ќе вклучува поголеми напори за рециклирање на критични суровини во производите што се продаваат во Европа, рече таа.

„Целта е да се обезбеди пристап до алтернативни извори на критични суровини на краток, среден и долг рок за нашите европски индустрии“, изјави таа на конференција во Берлин.

Шемата, наречена RESourceEU, би била слична на планот што ЕУ го разви по инвазијата на Москва во Украина во 2022 година за да ја намали својата зависност од руската енергија, познат како REPowerEU, рече таа.

„Ќе се фокусираме на се, од заедничко купување до складирање. Ќе ги зголемиме инвестициите во стратешки проекти за производство и преработка на критични суровини тука во ЕУ“, додаде таа.

На 9 октомври, Кина воведе ограничувања за извоз на ретки земјини метали и материјали за батерии.

Западните влади и аналитичари ги гледаат зголемените ограничувања како дел од одговорот на Кина на трговските тарифи наметнати од САД.

Можете да прочитате

Независната кандидатка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

Германската министерка Рајхе се криела во бункер за време на руските напади врз Киев

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела